Рекордно ниско ниво на Американци кои добиваат помош за невработеност

Од:

Помалку Американци добиваа редовни бенефиции за невработеност отколку кога било во изминатите пет децении, се нагласува во владини податоци објавени денеска за американскиот пазар на труд.

Одделот за труд соопшти дека сезонски прилагодената осигурена невработеност достигнала 1,307 милиони во неделата што заврши на 19 март, што е најниска бројка од неделата на 27 декември 1969 година, кога беше 1,304 милиони.

Бројката нагласува колку силно закрепнал пазарот на трудот откако невработеноста се искачи на нивоа што не се забележани од Големата депресија кога избувна Ковид-19 пред две години.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари

Кина сега се соочува со царина од 245 отсто за увоз во САД

Иран ги објави своите недопирливи црвени линии

Стејт департментот потврди: Бринк ја напушта Украина

Иран попушти: „Ќе преговараме со главниот непријател“