Рекордна смртност во Њу Делхи и масовни кремирања

Од:

Поради огромниот број починати пациенти од Ковид-19 во Њу Делхи, локалните власти наредија да се сечат дрва во парковите со цел да се обезбеди гориво за масовно кремирање.

Во Њу Делхи и другите градови во Индија колони амбуланти возила чекаат на ред за да ги пренесат мртвите до крематориуми, а на гробиштата нема слободни места за погреб.

Коронавирусот во Индија се шири со рекордна брзина, болниците се без резерви на медицински кислород, ги молат добавувачите за помош, а луѓето на улица жалат за своите најблиски кои починале чекајќи да бидат примени во болниците, јавуваат светските медиуми.

Преполните гробишта и крематориумите се застрашувачки симбол на сегашната криза, но и показател дека здравствениот систем во Индија се распаѓа. Во болниците се почесто се случува еден кревет да го делат двајца, а понекогаш и тројца пациенти со Ковид-19.

Во трката со времето, властите се обидуваат да набават дополнителни кревети, респиратори и резерви медицински кислород.

Би можело да ве интересира

Индија може да се подели на два дела

Индија: Автобус удри во пешаци, најмалку шест лица загинаа, 49 се повредени

Земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала ја погоди Индија

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати