Рекордна цена за слоновата коска

Од:

Рекордно наддавање, како според количеството на продадената слонова коска и платената цена за неа на јавната лицитација во Кан на југот од Франција, јавува дописникот на МИА од Париз.

Јавната лицитација беше организирана вчера од специјализираната куќа „Кан аншер“, при што на продажба биле ставени трофеји од слонови убиени пред 1976 година, чија продажба е легална.

– Вкупно беа продадени 910 килограми на слонова коска за 625 000 евра, тоа е светски рекорд за една приватна продажба, изјави Александар Дебуси директорот на „Кан аншер“.

Најголемиот број од купувачите биле од Кина, кои зделката ја склучиле телефонски. Најголемата зделка била 73 килограми слонова коска, продадени за 64000 евра.

Во моментов е забрането ловењето на слоновите, како и продажбата на слонова коска на слонови убиени по 1976 година. Неодамна повеќе држави одлучија да ги уништат своите резерви на слонова коска за да ги избегнат шпекулациите на пазарот.

Би можело да ве интересира

Почина премиерот на Брегот на Слоновата Коска, му се слошило на седница

Ана Ололовска

Уганда: Запленети 750 парчиња слонови коски и илјадници лушпи од панголин

Наум Локоски

Постигнат договор помеѓу побунетите војници и Владата на Брегот на Слоновата Коска

Ана Ололовска

Во напад на плажа на Брегот на Слоновата коска 12 мртви

Ана Ололовска

Брегот на Слоновата Коска ја затвори границата кон Гвинеја и кон Либерија

Ана Ололовска

ВИДЕО: 60 загинати во стампедо

Ана Ололовска