Рекорден број жители на Хонг Конг се селат во Тајван

Од:

Речиси 11.000 жители Хонг Конг се преселија во Тајван во 2020 година, што е речиси двојно повеќе од една година претходно, а откако Пекинг воведе закон за национална безбедност во градот.

Тајван веќе долго време ги привлекува жителите на Хонг Конг. Но, новиот закон го забрза преселувањето. Бројот на жители на Хонг Конг кои бараат документи за привремен престој во Тајван се зголеми на 10.813 од 5.858 во 2019 година, покажуваат податоците на Националната агенција за имиграција на Тајван.

Претходниот рекорд беше 7.506 во 2014 година, кога имаше масовни демонстрации на „Движењето на чадорите“.

Тајванскиот весник „Либерти тајмс“, повикувајќи се на свои извори, пишува дека бројот на оние кои доаѓаат во Тајван би бил поголем доколку немаше ограничувања против коронавирусот. Тајван нема закон за азил за бегалците и исто така не прифаќа апликации затоа што стравува од потенцијален бран од Кина. Сепак, жителите на Хонг Конг можат да аплицираат за престој на островот преку други канали, вклучително и добивање визи во замена за инвестиции.

Би можело да ве интересира

Земјотрес го погоди Тајван

Тајван: Ако Кина сака наша територија, треба да побара и земја од Русија

Кина воведе санкции за шест американски компании за продажба на оружје на Тајван

Кина воено ја тестира својата способност да го окупира Тајван

Кина започна воени вежби во околината на Тајван

Горан Наумовски

Новиот претседател на Тајван и порача на Кина: Престанете да ни се заканувате