Дневниот број на новозаболени од коронавирусот во САД достигна рекордни 228.000, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.
Со ова е урнат рекордот од четвртокот, кога беа регистрирани 217.000 нови случаи.
Од последниот пресек починале 2.607 луѓе.
Седумдневниот просечен број на смртни случаи во САД за првпат надмина 2.000 и изнесува 2.011, додека пред две недели беше 1.448.
Од почетокот на епидемијата, во САД со коронавирусот се заразиле повеќе од 14,5 милиони луѓе, а повеќе од 279.000 починале.