Рекорден број бродови минале денеска низ Суецкиот Канал

Од:

Рекорден број товарни бродови минале денеска преку Суецкиот канал, соопшти египетската агенција, која управува со Каналот.

Според агенцијата за еден ден преку Каналот минале 68 товарни бродови со вкупна тежина од 4,8 милиони тони, што се случува прв пат во историјата на Суецкиот Канал, кој беше отворен во 1869 година.

Суецкиот Канал е еден од главните египетски извори на странски валути. Во мај оваа година приходите од Каналот достигнале 438,1 милион долари.

Суецкиот Канал ги поврзува Средоземното Море со Црвеното Море. Тој беше национализиран во 1956 година од тогашниот египетски претседател Гамал Абдел Насер.

Би можело да ве интересира

Египет: Еден турист загина во напад на ајкула, а друг е повреден

(ВИДЕО) Товарен брод тоне во близина на египетскиот брег на Црвеното Море, се заканува голема катастрофа

Петмина преживеани пронајдени еден ден по бродоломот во Црвеното Море

Во близина на Египет потона туристички брод, спасени се 28 лица, потрагата по другите продолжува

Откриен вистинскиот лик на еден од најпознатите фараони во историјата

Предраг Петровиќ

43 повредени во автобуска несреќа во Египет