Реконструкција на Владата на Јапонија

Од:

Јапонскиот премиер Шинѕо Абе денеска го одобри новиот состав на Владата, во која се сменети 14 од вкупно 19 министри, вклучително и тие за надворешни работи и одбрана.

Во владиниот кабинет остануваат блиските соработници на Абе, вицепремиерот и министер за финансии Таро Асо, генералниот секретар на Владата Јошихиде Суга и министерот за економија, трговија и индустрија Хирошиге Секо.

Нов министер за надворешни работи ќе биде Таро Коно, кој досега беше на чело на јапонската Агенција за административна реформа и Комисијата за општествена безбедност. Коно доаѓа на местот на Фумио Кишида.

Коно го поддржува Абе за преразгледување на „антивоениот“ Член девет од Уставот. Коно има дипломирано на Универзитетот во Џорџтаун, а неговиот татко во 90-те години на минатиот век беше генерален секретар на Владата, двапати министер за надворешни работи и вицепремиер.

Министер за одбрана ќе биде Ицунори Онодера, која на таа функција беше и од 2012 до 2014 година. Тој се залага за зголемување на јапонските одбранбени капацитети.

Поранешната министерка за одбрана Томоми Инада поднесе оставка на 28 јули по обвинувањата дека ги криела секојдневните извештаи за јапонските војници распоредени во Јужен Судан во мировната мисија на Обединети нации.

Би можело да ве интересира

Човекот кој најдолго на светот чекаше за извршување на смртната казна е ослободен

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Поплави во Јапонија: Шест лица загинаа, има и исчезнати, градските улици под вода

(ВИДЕО) Први снимки од разорниот земјотрес во Јапонија

Силен земјотрес ја погоди Јапонија, издадено предупредување за цунами

Четири лица загинаа во пожар во Токио

Силен земјотрес ги погоди јапонските острови