Реконструирана Владата на Данска

Од:

Данската премиерка Хеле Торнинг-Шмит денеска изврши реконструкција на Владата со цел социјалдемократскиот коалициски кабинет да добие нов импулс пред локалните избори, што се закажани во ноември.

Нов министер за трговија и развој ќе биде претседателот на парламентарната група на Данската социјалдемократска партија, Хенрик Сас-Ларсен. Тој доаѓа на местото на претседателката на Социјалистичката народна партија Анете Вилхелмсен, кој сега ќе го води Министерството за социјални работи и интеграција.

Поранешниот претседател на Социјалистичката народна партија Вили Соундал останува министер за надворешни работи, а социјалдемократот Бјарне Корјудон – министер за финансии.

Досегашниот министер за одбрана – социјалдемократот Ник Хекеруп ќе биде министер за трговија и европски прашања, додека Николај Вамен ќе биде министер за одбрана.

Според анкетата од 6 август, левоцентристичката Влада на социјалдемократите, социјаллибералите и на Социјалистичката народна партија, ако сега би се одржале парламентарни избори би добила само 42,5 проценти од гласовите. Либералната десносцентристичка коалиција би добила 57,3 отсто.

Би можело да ве интересира

Данска објави пакет воена помош за Украина од 350 милиони долари

Данска: Победата на Украина во војната со Русија нема алтернатива

Горан Наумовски

ВИДЕО: Во Данска се гради најголемиот подводен тунел во светот

Пијаниот маж кој ја нападна данска премиерка заврши во притвор

Во нападот данската премиерка здоби полесна повреда на вратот

Физички нападната данската премиерка

Предраг Петровиќ