Реката Висла во Варшава го достигна досега најниското ниво

Од:

Најголемата река во Полска, Висла во Варшава го достигна најниското ниво од почетокот на мерењето, кон крајот на 18. век, соопшти полскиот Институт за метеорологија и хидрологија.

Нивото на Висла вчера во главниот град на Полска достигна 61 сантиметар и според Институтот се очекува натамошен пад следните денови.

Нивото на водата на реката Висла се мери од 1799 година, а претходниот рекорд на најниско ниво беше регистриран во 1992 година и изнесуваше 68 сантиметри.

Полицијата им препорача на жителите на Варшава да не се обидуваат да преминуваат преку реката и покрај ниското ниво, бидејќи дното е мошне нерамно.

Би можело да ве интересира

Шпионска афера во Полска, оставка поднесе шефицата на полското Биро за борба против корупција

Русин е депортиран од БиХ, планирал саботажи против Полска, САД и други земји

Туск: ЕУ повеќе не смее да носи никакви одлуки кои би ги зголемиле цените на енергијата

Поради корупција приведен е екс портпаролот на полскиот претседателот Анджеј Дуда

А1он

Туск: Русија планираше „терористички акции“ во воздух

Сикорски: Русија е многу послаба отколку што мислат Европејците