Трет земјотрес во еден ден со јачина од 5,9 степени по Рихтер го погоди денеска централното крајбрежје на Чиле, соопшти Геофизичкиот институт на САД, пренесува ТАСС.
Епицентарот бил на длабочина од 86 километри северно од градот Кокимбо, на длабочина од околу 4 километри.
Претходно денеска во истиот регион се регистрирани уште два потреси. Првиот со интензитет од 5,8 степени, а вториот со јачина од 6,8 степени по Рихтер, соодветно на 108 километри северозападно и на 97 километри југозападно од Кокимбо.
Засега нема информации за жртви и предизвикана материјална штета, ниту опасност од цунами.