Аргентина како нелегален, го отфрли референдумот на Фокландските Острови, каде локалните жители ќе се изјаснат за статусот на спорната територија.
“Референдумот е нелеген, бидејќи Обединетите ја сметаат таа територија за присоединета, со оглед на тоа дека во 1883 година. владата во Лондон извршила инвазија и го протерала аргентинското население”, рече аргентинскиот министер за надворешни работи Хектор Тимерман за телевизијата C5N.
Тимерман потсети дека ОН донеле 40 резолуции со кои се повикуваат Буенос Аирес и Лондон да преговараат за сувереноста над фокландите, на што се противи Велика Британија.
Коментарите на Тимерман уследија со зголемената размена на зборови на 40 дена пред жителите на Фокландските Острови да излезат на гласачките места на 10 и 11 Март, каде ќе се изјаснат дали сакаат архипелагот да остане британска прекуморска територија.
Тимерман во четвртокот го одби предлогот на британскиот државен секретар Вилијам Хејг, за време на посетата на Лондон следната недела, да оствари средба со претставници на Фокландските Острови.
Претставничката на Форин офисот во Лондон соопшти дека е разочарана од одговорот на Аргентина.
Претставници на Фокландските Острови наведоа во соопштението дека ќе му кажат на Тимерман дека сакаат Аргентина да ги остави на мира.
Тимерман изјави денеска дека сеуште планира да замине за Лондон во недела.
Тој, сепак, ја обвини Велика Британија, дека сака да има “воена база на фокландите со проекција на Антарктикот” и оцени дека архипелагот е “најмилитизираната територија на светот со еден војник на секои три жители.”
“Не постои земја на светот која ги признава правата на Британија над Малвините”, рече тој.
Властите на фолкландските Острови закажаа за 10 и 11 Март референдум за својот политички статус и поканија набљудувачи од страна да го следат и потврдат гласањето, дали е слободно и фер.
Аргентина ја обвинува британската армија дека и ја одзела оваа територија пред 180 години и оттогаш со неа владее како со своја колонија.
По неуспешенниот аргентински напад во 1982.година , фокландските Острови останаа под управа на британската круна, а моќта е во рацете на гувернерот, назначен од страна на британскиот парламент. На островите има и значајни британски одбранбени сили.
На гласањето на 10 и 11 Март, ќе биде поставено едноставно прашање на кое треба да се одговори со “да” или “не” “Дали сакате Фолклендските Острови да го задржат сегашниот политички статус на прекуморска територија на Велика Британија?”
Како што сее претпоставува, повеќето од островјаните, кои се британци, ќе одговорат позитивно.