Референдум во Швајцарија за намалување на бројот на имигрантите

Од:

Во Швајцарија овој викенд ќе се одржи уште еден круг од гласањето, на кое граѓаните треба да се изјаснат околу прашањето за намалување на бројот на имигрантите.

Иницијативата има за цел да го ограничи бројот на имигрантите, азилантите и бегалците, кој драстично се зголеми во оваа држава, додека противниците на предлогот сметаат дека е ксенофобичен.

Гласачите во февруари оваа година прифатија квотите за имигранти од Европската унија да останат непроменети, што ги влоши односите на Швајцарија со државите, кои не се членки на Унијата.

Досега како главни причини за заострување на имигрантската политка се наведуваа зачувувањето на културата и вработувањето, а сега првпат барањето за намалување на бројот на имигрантите ќе биде оправдано и со нивното влијание врз животната средина.

Екопоп иницијативата смета дека моменталниот прилив на странци ја оптоварува државата и ги намалува нејзините идилични предели и зеленилото.

– Порастот на популацијата во Швајцарија е поголем од кога и да е и тоа ја нарушува околината, изјави членот на Екопоп, Анита Месер.

Според официјалните статистички податоци странците сочинуваат една четвртина од населението на Швајцарија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Рекордно ниски температури во Швајцарија

Манекенката Кристина Јоксимовиќ ја убил сопругот, телото го мелел во блендер

Горан Наумовски

Јакин го продолжи договорот со Швајцарија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна скеле на зграда висока 60 метри во Швајцарија – тројца мртви, осуммина тешко повредени

(ВИДЕО) Обилните дождови во Швајцарија доведоа до лизгање на земјиштето, осум лица се водат за исчезнати

ВИДЕО: Страшно невреме ја опустоши Швајцарија, тројца исчезнати, села отсечени, автопат затворен

Предраг Петровиќ