Речиси половина од Европејците немаат физичка активност

Од:

Според последниот Евробарометар, 45 отсто од Европејците немаат никаква физичка активност, јави дописничката на МИА од Брисел.

Последното мерење на јавното мислење во Европа го објави денеска Европската Комисија во пресрет на Европската недела на спортот.

Анкетата покажува дека само 38 отсто од граѓаните во ЕУ имаат редовна физичка активност барем еднаш во неделата, 17 отсто помалку од еднаш неделно, а 45 отсто немаат никаква физичка или спортска активност.

Според Европската Комисија граѓаните во ЕУ дополнително ја намалиле својата физичка активност за време на пандемијата со ковид.

Анкетираните рекле дека главна причина зашто не се физички активни е што немаат време, втор одговор е недостиг на мотивација, а на трето место велат дека спортот не ги интересира. Третина од анкетираните рекле дека претпочитаат да вежбаат дома.

Европската Комисија вели дека ќе продолжи да работи на освестување на сите граѓани за важноста од активен и здрав начин на живот.

Би можело да ве интересира

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

Додик: Ваква Европа нема иднина и тешко може да се спаси

Русија отфрла какво било присуство на европски трупи во Украина

Мерц: Коалицијата на конзервативците и СПД е сигнал дека Европа може да се потпре на Германија

Пентагон размислува за повлекување на илјадници војници: Европа е загрижена за плановите на Вашингтон