Речиси една третина од новите индиски пратеници осомничени за кривични дела

Од:

Над една третина од новоизбраните пратеници во Долниот дом на Парламентот на Индија се обвинети за кривични дела.

Шестнаесттиот состав на Парламентот се состана првпат минатата недела по парламентарните избори, одржани во мај. Сите кандидати беа должни да пополнат детален документ за својот имот, образованито и за нивното минато.

Податоци од сајтот на Парламентот и анализата на продемократските организации од Њу Делхи покажуваат дека над една третина или 185 од 542 пратеници изјавиле дека против нив се водат судски постапки за криминални дела. Тоа е зголемување од четири проценти во однос на претходниот парламентарен состав.

Сто и дванаесет пратеници или 21 процент се изведени пред суд под обвинение за тешки кривични дела, како убиство, обид за убиство, киднапирање или напади врз жени.

Десет пратеници се изведени пред суд поради убиство. Од нив четворица се членови на Индиската народна партија, која победи на изборите, еден е од партијата Индиски национален конгрес, а останатите се од помалите партии.

Во новиот парламентарен состав има рекорден број жени – 62, додека во претходниот состав имаше 59. Таа бројка сепак останува многу под 181 жена или една третина од пратениците, како што е предвидено со закон, усвоен од Горниот дом на Парламентот, но не и од Долниот дом.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати