Речиси 78 отсто од мигрантите кои треба да ја напуштат Шведска, откако добиле негативен одговор од властите за азил, се кријат и продолжуваат да престојуваат во државата, соопшти полицијата.
– Тоа значи дека ние сме принудени да оделиме повеќе време и ресурси за потрага по тие луѓе, изјави Патрик Енгстром, шеф на пограничната полиција во чија јурисдикција е депортирањето мигранти.
Полицијата оваа година постапила по 17.258 случаи за протерување. Во 12.338 случаи мигрантите се кријат од властите.
Во првата половина од 2017 година полицијата депортирала 2.088 луѓе.