Речиси 500 експерти за национална безбедност дадоа поддршка за Бајден за претседател на САД

Од:

Речиси 500 американски експерти за национална безбедност го поддржаа Џо Бајден за претседател на САД, со став декa „актуелниот претседател не е дораснат за „огромните одговорности на својата функција“.

Во писмо до јавноста потпишано од 489 американски експерти за безбедност и со образложение за поддршката, на ниту едно место не се споменува името на претседателот Доналд Трамп.

Писмото е потпишано од Пол Селва, генерал на воздухопловните сили на САД, кој лани замина од фунцијата заменик претседател на Здружениот штаб на оружените сили на САД, втора функција во Пентагон.

Други потписници се поранешниот заменик државен секретар Ричард Армитаж, кој служел во време на Џорџ Буш-помладиот, како и Сузан Рајс, поранешна советничка за национална безбедност и Медлин Олбрајт, поранешен државен секретер.

Писмото за поддршка на Бајден доаѓа откако слична поддршка за претседателот Трамп минатата недела дојде од 235 високи воено началници кои го пофалија претседателот дека ја повторно ја изградил армијата и дека е „силен поддржувач“ на воениот персонал и ветераните.

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји

Сандерс: САД не смеат да испраќаат повеќе бомби до екстремистичката влада на Нетанјаху

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски