Речиси 12 илјади деца се убиени или повредени во војната во Сирија

Од:

Речиси 12.000 деца се убиени или повредени во 10-годишната граѓанска војна во Сирија, а милиони го напуштија училиштето, соопшти денеска Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ).

Мрачните статистички податоци се објавени во извештајот на УНИЦЕФ во пресрет на 10-годишнината од почетокот на конфликтот во Сирија, кој започна кон средината на март 2011 година.

Во војната загинаа скоро половина милион луѓе, повредени се над милион и раселено е половина од населението, додека повеќе од пет милиони имаат статус на бегалец.

Во извештајот се наведува дека бројот на деца кои покажуваат симптоми на психосоцијално страдање е двојно зголемен во 2020 година, бидејќи континуираното изложување на насилство, шок и траума има значително влијание врз менталното здравје на децата, со краткорочни и долгорочни последици.

Според верификуваните податоци, УНИЦЕФ соопшти дека во изминатата деценија биле убиени или повредени речиси 12.000 деца, а повеќе од 5.700 деца, некои на возраст од седум години биле регрутирани во вооружените сили.

Фондот за деца на ООН, исто така, соопшти дека речиси 2,45 милиони деца во Сирија и уште 750 000 деца од Сирија во соседните земји не посетуваат училиште, од кои 60 проценти се момчиња.

Исто така се наведува и дека состојбата за голем број деца и семејства е сè уште неизвесна и дека на скоро 90 проценти им е потребна хуманитарна помош, што е зголемување за 20 проценти само за време на минатата година.

Би можело да ве интересира

Јавно е ликвидиран поранешен соработник на Башар ал Асад

Америка ги ублажува санкциите кон Сирија по падот на Асад

Горан Наумовски

Ердоган: Турците, Курдите, Арапите и Персијците нема да наседнат на игрите на империјалистите „раздели па владеј“

Предраг Петровиќ

Германија објави план за враќање на бегалците од Сирија

Ал Шара: Изборите во Сирија би можеле да се одржат најмногу за четири години

Турција: Целта е да се постигне договор за поморските граници со Сирија