Речиси 100 демонстранти приведени во Казахстан

Од:

Казахстанската полиција приведе речиси 100 луѓе, кои излегоа на улиците на престолнината Нурсултан на барање на забранетата политичка партија Демократски избор на Казахстан, соопшти заменикот министер за внатрешни работи Марат Кожаев.

Гласачите во Казахстан денеска го избираат наследникот на Нурсултан Назарбаев, кој ја водеше државата од добивањето независност.

Предвремените претседателски избори беа закажани откако Назарбаев неочекувано поднесе оставка во март.

Се очекува в.д. претседател Касим-Жомарт Токаев да победи на изборите, на кои учествуваат уште шестмина кандидати.

Би можело да ве интересира

12 повредени во верижна сообраќајка на 95 возила

ВИДЕО: Путин му се извини на претседателот на Азербејџан за паднот на авионот, го нарече „трагичен инцидент“

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Русија веројатно е одговорна за падот на авионот во Казахстан, тврди Белата куќа

Катерина Ѓуровски

Русите се огласија за авионската несреќа: Украина е виновна

Горан Наумовски

НАТО бара детална истрагата за падот на авионот на „Азербејџан ерлајнс“

Азербејџан тврди: Руска ракета го урна авионот на „Азербејџан ерлајнс“