Реакција на Русија за апсењето на Путин: Одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат влијание врз Русија

Од:

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова денеска изјави дека одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат влијание врз Русија и дека секоја нивна потерница е ништовна.

„Одлуките на Меѓународниот кривичен суд немаат никакви последици за нашата земја, ниту од правен аспект“, изјави Захарова на Телеграм.

Таа додаде дека Русија не е членка на Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд и нема никаква обврска кон тој суд.

„Русија не соработува со таа организација и сите потенцијални барања за апсење од страна на меѓународниот суд се ништовни“, додаде таа, јави Тас.

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на рускиот претседател Путин, обвинувајќи го дека е одговорен за воените злосторства извршени во Украина.

Би можело да ве интересира

Захарова: Нуклеарните технологии во рацете на Киев претставуваат закана за целиот свет

РИА Новости: Захарова ја обвини ЕУ за предавство на Украина

Горан Наумовски

Захарова му порача на Зеленски: Неонацистите во Курск ќе завршат два метри под земја

Москва не прифаќа привремен прекин на огнот во Украина

Горан Наумовски

Захарова: Главната задача на меѓународната заедница е да го спроведе договорот Хамас-Израел

Захарова: Зеленски да клекне пред својот народ и да се извини за злосторствата