САД ги осудуваат руските ракетни напади, кои пак, ја засилуваат одлучност да се продолжи со поддршката за Украина „онолку колку што е потребно“, изјави денеска претседателот на САД Џо Бајден.
-Заедно со нашите сојузници и партнери ќе продолжиме да нанесуваме цена за Русија за нејзиниата агресија, ќе ги повикаме Путин и Русија на одговорност за ѕверствата и воените злосторства, и ќе продолжиме со поддршката за украинските сили во одбрана на својата земја и слобода, изјави Бајден.
Тој уште еднаш ја повика Русија да ја оконча војната и да ги повлече војниците од Украина.
Според украинкси извори, во нападите загинале најмалку 11 лица
Претседателот изрази сочувство до жртвите, нарекувајќи ги убиствата „бездушни“.
-Ова уште еднаш ја демонстрира aпсолутната бруталност на незаконската војна на Путин врз украинскиот народ, изјави Бајден. „САД силно ги осудуваат руските ракетни напади во Украина, вклучително и Киев. Во овие напади беа убиени и ранети цивили и уништени се објекти кои немале воена намена. Тие уште еднаш ја демонстрираат екстремната бруталност на илегалната војна на г-дин Путин против украинскиот народ“, рече Бајден во изјавата.