АстраЗенека и Универзитетот во Оксфорд дадоа спротивставени изјави за тоа како дошле до најефикасната доза на вакцината против коронавирус, што е реткост две толку големи институции да не се единствени во изјавите, а соработуваат во заеднички проект.
Несогласувањето, како што јави Ројтерс, се фокусира на мала група волонтери кои прво добија половина од дозата, а подоцна цела доза, која им беше дадена на повеќето учесници во тестотирањето, пренесува Хина.
Се покажа дека половина од дозата е ефикасна 90 проценти, а кога на волонтерите им била дадена целосна доза, ефикасноста била 62 проценти.
Шефот на истражувачкиот тим на АстраЗенека за Ројтерс пред 11 дена изјави дека половина од дозата, што дава голема ефикасност, е производ на „случајност, чиста среќа“.
Меѓутоа, водечки научник од Оксфорд во понеделникот за Ројтерс изјави дека не станувало збор дека сознанието за половина доаза е само среќа, туку дека по направените консултации намерно ја подесиле дозата на половина.
АстраЗенека одби да коментира зошто изјавите се недоследни, додека портпаролот на Оксфорд рече дека „ќе има време да се зборува на таа тема кога ќе се добијат детални резултати од завршните тестови и објавувањето во научно списание“.