Разјарен бик уби осумгодишно дете во Словачка

Од:

Разјарен бик убил осумгодишно момче во селото Љуботин во североисточна Словачка, јави дописникот на МИА од Прага.

Според телевизијата „Јој”, момчето било пронајдено заплеткано во јажето со кое бил врзан бикот кој бил тежок триста килограми.

Се претпоставува дека момчето сакало да го врзе бикот на друго место каде имало поголемо пасиште и дека животното го нападнало детето.

Точната причина за смртта ќе биде констатирана по аутопсијата.

Таткото на детето изјавил дека бикот ќе биде усмртен.

Би можело да ве интересира

Дојави за бомби во канцелариите на партијата СМЕР на премиерот Роберт Фицо

Следува големо протерување од Словачка на странски државјани кои ги организираат протестите

А1он

Зеленски го поддржа соборувањето на Фицо

А1он

Масовни протести низ Словачка бараат распуштање на владата поради проруската политика на Роберт Фицо

А1он

Фицо: Словачката опозиција се подготвува за свој „Мајдан“

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО