Разговор на Борел и Блинкен за стратешкото партнерство меѓу ЕУ и САД

Од:

Министерот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел вчера разговараше со новиот државен секретар на САД, Ентони Блинкен, за стратешкото партнерство меѓу ЕУ и САД, соопшти Европската дипломатска служба.

Како што се наведува во соопштението, двајцата високи претставници разговарале за важноста од обновување на стратешкото партнерство ЕУ-САД со цел заедничко решавање на итните глобални предизвици.

Се додава дека Борел и Блинкен се согласиле да работат заедно за зајакнување на мултилатерализмот и глобалниот систем заснован на правила и заклучиле дека овој напор е олеснет со враќањето на САД во Парискиот договор и Светската здравствена организација.

Борел го покани Блинкен да присуствува на состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ што е можно поскоро, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија