Разбиена меѓународна група која украла милиони долари од банкарски сметки

Од:

Во комплексна полициска операција спроведена во САД, Грузија, Бугарија, Молдавија и Украина разбиена е меѓународна криминална група која користела малициозен софтвер за да украде 100 милиони долари од над 40.000 жртви, јави Би-Би-Си.

Групата ги заразила компјутерите на жртвите со малверот „GozNym“, кој ги вчитува податоците од онлајн банкарството и пристапот до сметки.

Организацијата била составена од криминалци, кои својата „умешност“ ја рекламирале на онлајн форум.

Детали од операцијата беа соопштени од седиштето на европската полициска агенција Европол, кои тврдат дека истрагата била одлична, посебно во делот на трансграничната соработка.

Десетина членови на мрежата беа обвинети во Питсбург, САД, за серија кривични дела, меѓу кои и кражба и перење пари преку американски и странски банки.

Во тек е потрагата по петмина Руси, меѓу кои и оној кој го создал „GozNym“ и го контролирал неговиот развој и управување, како и продажба на други кибер криминалци.

Останатите членови на групата ќе се соочат со слични обвиненија во неколку држави. Лидерот на организацијата, заедно со неговиот технички асистен, ќе биде изведен пред Суд во Грузија. Друг член, чија улога била да презема различни банкарски сметки е екстрадиран од Бугарија во САД, каде ќе му се суди.

Би можело да ве интересира

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија