Најмалку 11 луѓе загинаа во поплавите што ја зафатија источната индиска држава Асам, а локалните власти се обидуваат да достават вода и храна до илјадниците лица кои се одсечени од поплавите.
Во индиската сојузна држава Асам, во текот на ноќта меѓу четвротокот и петокот наврна приближно 60 милиметри дожд.
Под вода се делови од градот Гувахати, административниот центар на државата Асам. Поради поплавите предизвикани од обилните дождови 10.000 луѓе ги напуштиле домовите.
Индиската Метеоролошка служба соопшти дека североисточниот дел од Индија е погоден од силно монсунско невреме, додека другите делови од земјата бележат од 30 до 40 проценти помалку дожд од вообичаеното ниво. Монсунската сезона трае од јуни до крајот на септември.
Во јули минатата година во Асам загинаа повеќе од 120 луѓе во најголемата поплава во последната деценија. Тогаш над 500.000 луѓе останаа без домови.