Расте бројот на жртви во големите поплави на источниот брег на Австралија

Од:

Бројот на загинати во поплавите што го зафатија источниот брег на Австралија денеска се искачи на најмалку 13 лица. Австралиските власти соопштија дека најмалку девет лица загинале во Квинсленд, а четврта жртва е во Нов Јужен Велс, јави ДПА.

Сè уште се предвидуваа силни грмотевици и во Квинсленд и во Нов Јужен Велс, а поширокиот регион на Сиднеј, исто така, се подготвува за потенцијални „опасни по живот“ поројни поплави.

– Утре рано наутро и во текот на денот, може да видиме силни грмотевици кои носат силен дожд, силни ветрови и можеби дури и голем град“, изјави денеска Дин Нараморе од Бирото за метеорологија.

– Имаме авиони кои пружаат помош и спасуваат со копнениот персонал кои прават се што е можно, рече премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Откриен нов вид пајак: Нема противотров за него

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Се урна мал авион во Австралија, тројца загинати

А1он

Двајца морнари загинаа во одделни несреќи на трката Сиднеј-Хобарт

(ВИДЕО) Запалена е синагога во Мелбурн, внатре имало верници, има и повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Милијардер делеше пари пред супермаркет – на 1.000 семејства им подели 150.000 долари

А1он

Австралија го забранува пристапот до социјалните мрежи за помлади од 16 години

А1он