Расте бројот на загинати и повредени во последниот руски напад врз Украина

Од:

Руските комбинирани напади, започнати денеска врз неколку градови во Украина, оставија најмалку десет мртви и десетици повредени, а се очекува билансот да расте додека продолжуваат операциите за помош, соопштија украинските власти.

„Околу 15 лица се повредени. Четворица од нив загинаа“ во областа Днепропетровск (централно-источно), изјави нејзиниот гувернер Сергиј Лисак, додека локалните власти пријавија двајца загинати во Киев, двајца во Одеса, еден загинат во Харков (североисточно) друг во Лавов (запад).

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека, според проценките, Русија денеска лансирала околу 110 проектили во најголемиот воздушен напад врз Украина и дека повеќето од нив биле соборени.

Премиерот Денис Шмихал изјави дека денеска Русија ја таргетираше социјалната и критичната инфраструктура во масовен напад со ракети и беспилотни летала.

Локалните власти денеска соопштија дека четири лица загинале во руски напад врз градот Днипро. Регионалниот лидер Серхиј Лисак рече дека меѓу десетината повредени во нападите има и загинати. Тој додаде дека пожарот избувнал во трговскиот центар, а оштетени се родилиште и шесткатница.

Украинското Министерство за здравство соопшти дека неидентификувана медицинска установа во градот е тешко оштетена, но сите пациенти и персоналот успеале да најдат засолниште.

– Две лица загинаа, а најмалку 15 се повредени кога проектил погодил станбени згради во јужниот град Одеса, изјави регионалниот гувернер.

Во Лавов, руските воздушни напади врз станбена зграда убиле едно лице, а три други биле повредени, според локалните власти.

Последните руски напади покажуваат дека на Украина и треба „повеќе помош“, изјави денеска советникот на украинскиот претседател, пренесува Франс прес.

Би можело да ве интересира

Зеленски: Вториот мировен самит треба да стави крај на војната

Украина ја забрани употребата на Телеграм на официјалните уреди на службениците

(ВИДЕО) Масовен напад со дронови врз Русија: Гори магацин за оружје, во тек е евакуација

Горан Наумовски

Во Харков е прогласена тревога за воздух, се слушаат експлозии

Целите се означени: Украина е подготвена да нападне

Шведска и Финска: Украина може да ја нападне територијата на Русија без ограничувања