Расте бројот на непријавени работници во Југоисточна Европа

Од:

Работата на црно бележи пораст во сите земји во Југоисточна Европа, покажуваат резултатите од најновото истражување на Меѓународната организација за труд (International Labour Organization – ILO).

Во извештајот „Глобални трендови на вработување во 2013 година“ се истакнува дека бројот на работници на црно е во пораст во сите земји од регионот, но најмногу во Хрватска, во Албанија и во Косово.

– И покрај континуираното подобрување на главните показатели на пазарот на труд, широко распространетото и се поприсутното нерегуларно вработување укажува на тоа дека е влошен квалитетот на вработување, се истакнува во соопштението на ИЛО.

Бројот на нерегуларно вработени лица во Албанија и во Косово од 2000 до 2010 година од 30 порасна на 35 проценти, додека во Хрватска е забележан пораст од 21 на 33 проценти.

Во Црна Гора и во Србија забележен е пораст на работниците на црно од 17 на 19 отсто, во Македонија од 20 на 21, додека во Босна и Херцеговина тој процент од 20 се искачил на 23.

Во „Глобални трендови на вработување во 2013 година“ се посочува дека во ЈИЕ во периодот од 1999 до 2012 година зголемен е и бројот на работници кои живеат во домаќинства во кои дневно се трошат од четири долари по член на семејство пораснал за 25 отсто.

Во моментот 4,6 проценти од работниците во регионот припаѓаат на категоријата екстремно или умерено сиромашни бидејќи живеат во домаќинства во кои по член на семејството дневно се трошат помалку од два долари.

Би можело да ве интересира

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Вучиќ: ЕУ треба да ја промени стратегијата кон Западен Балкан, но и кон Србија

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он