Раст на цената на нафтата

Од:

На светските берзи цената на нафтата минатата недела се зголеми за шест отсто и го достигна највисокото ниво за една година.

Зголемувањето на цената на нафтата се должи на одржување на договореното ниво на производство од страна на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК), како и на очекувањата за заздравување на економијата и за зголемување на побарувачката на „црното злато“.

На лондонската берза минатата недела цената нафта се зголеми за повеќе од шест отсто и барел се тргуваше за 59,34 долари, што е највисока вредност од крајот на февруари минатата година.

Додека на американскиот пазар цената на нафтата се зголеми за речиси девет проценти и барел се тргуваше за 56,85 долари, што е највисока вредност од крајот на февруари минатата година.

ОПЕК и сојузниците подолг период координирано го намалуваат производството за 7,2 милиони барели дневно со цел да се усогласат со намалената побраувачка во време на пандемија со Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски