Расправијата меѓу Евгениј Пригожин и рускиот естаблишмент најверојатно ќе кулминира на 1 јули, тврди британското воено разузнавање.
Ова е крајниот рок за наредбата на руското Министерство за одбрана, која беше експлицитно поддржана од рускиот претседател Владимир Путин, за нерегуларните сили да потпишат договори со министерството, барање кое лидерот на Вагнер го одби.
Во редок момент на пркос против Владимир Путин, Пригожин во средата рече дека „ниту еден од борците на Вагнер не е подготвен повторно да оди по патот на срамот“.
Министерството за одбрана на Обединетото Кралство денеска во својот последен извештај соопшти дека „реториката на Пригожин се развива во пркос на пошироките делови од рускиот естаблишмент. Крајниот рок за потпишување на волонтерскиот договор, 1 јули 2023 година, најверојатно ќе биде клучна точка на расправа.