Кремљ денеска објави дека е „загрижен“ од се уште непотврдените медиумски извештаи дека висок чеченски командант е ранет во Украина, додавајќи дека „чека разјаснување“ за тоа што навистина се случило, пренесува Ројтерс.
Претходно денеска ТВ каналот на руското Министерство објави дека Адам Делимканов, командант на чеченската национална гарда и „десна рака“ на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, е ранет во Украина.
Делимканов, кој е пратеник во рускиот парламент и командант на чеченскиот огранок на руската национална гарда, се смета за втор највисок функционер во Чеченија, по сојузникот на Путин, Рамзан Кадиров.