Рам Нат Ковинд избран за нов претседател на Индија

Од:

Кандидатот на владејјачката национал-конзервативна Индиска народна партија (БЈП), Рам Нат Ковинд е избран за нов претседател на Индија, соопшти денеска индиската Централна изборна комисија.

Според резултатите од гласењето на пратениците во индискиот Парламент и во собранијата на сојузните држави, Ковинд добил 65,65 отсто од валидните гласови, а неговата противкандидатка Мејра Кумар од опозицискиот Индиски национален конгрес (ИНЦ) освоила 34,35 проценти.

Со ова Ковинд, кој е поранешен гувернер на индиската сојузна држава Бихар, стана 14-ти претседател на Индија.

Мандатот на актуелниот индиски претседател Пранаб Мукерџи истекува на 24 јули, по што Ковинд ќе ја преземе долноста по свеченото полагање закетва предвидено за 25 јули.

Ковинд е роден на 1 октомври 1945 година како припадник на кастата Далит, на територијата на денешната сојузна држава Утар Прадеш. Тој е втор претседател во историјата на Индија, кој потекнува од редовите на Далитите, кои се најниска индиска каста. Првиот Далит индиски претседател беше Кочерил Раман Нарајан, кој беше шеф на државата од 1997 до 2002 година.

Ковинд дипломирал право на Университетот во Канпур, по што 16 години работел како адвокат. Во 1994 година е избран за член на Горниот дом на индискиот Парламент. На оваа функција е реизбиран уште во неколку наврати се до 2006 година. Во 2015 година е именуван за гувернер на Бихар, но минатиот месец поднесе оставка на функцијата за да може да се кандидира за претседател на Индија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Пожар избувна во индиската фабрика за iPhone

Горан Наумовски

Голем број мртви и повредени од експлозија во фармацевтска фабрика во Индија

Индија: Бројот на жртви од лизгање на земјиштето се искачи на 151, додека 187 се исчезнати

Заврши најскапата свадба на светот: Веселбите траат од март

Индија: 34 лица починаа, а 80 завршија во болница откако пиеле отровен алкохол

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Се судрија возови во Индија, најмалку 15 загинати