Ракети „Качуши“ првпат ја погодија Амбасадата на САД во Багдад

Од:

Неколку ракети вчера паднаа врз Амбасадата на САД во Багдад, изјавија неименувани извори од безбедносните служби.

Ирачките сили соопштија дека при нападот нема жртви.

Според безбедносни извори три ракети „Качуша“ паднале во комплексот на Амбасадата на САД, а една од нив ја погодила кафетерија за време на вечерата.

Првпат во ракетен напад да е погоден комплексот згради на Амбасадата на САД во ултра сигурната Зелена зона во Багдад, која во последните месеци често е мета на напади.

Дипломатската мисија на САД во рок од една недела двапати е мета на напад. На 20 јануари во близина на Амбасадата паднаа три ракети.

Кон крајот на декември загина еден американски државјанин при ракетен напад врз база во северен Ирак, каде се стационирани американските војници. Во знак на одмазда Вашингтон на 29 декември изврши воздушни напади врз неколку бази на Бригадите на Хезболах. Најмалку 25 борци на Хезболах загинаа во тие напади, а на 31 декември илјадници нивни приврзаници ја нападнаа Амбасадата на САД во Багдад.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски

Русија: Ја предупредивме Америка за нападот

Со проектили е погодена воена база на САД во Сирија

САД воведоа нови санкции против Русија