Ракетен напад врз најголемата американска база во Авганистан, нема жртви

Од:

Пет ракети биле истрелани врз најголемата американска база во Авганистан, но во нападот нема жртви, соопштија НАТО и локалните власти.

-Ракетите го погодија аеродромот во Баграм, соопшти портпаролката на гувернерот на провинцијата Парван, држава на северот од Авганистан.

Таа изјави дека нема цивилни жртви, и дека не може да даде повеќе детали за можната материјална штета или евентуални жртви во американската база, пренесуваат американските медиуми.

Официјален претставник на НАТО го потврди нападот и соопшти дека прелиминарните извештаи покажуваат дека аеродромот не е оштетен.

Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот.

Зголемено е насилството во Авганистан и покрај разговорите меѓу талибанците и авганистанската Влада во Катар, во обидот да се постигне мировен договор со кој ќе се стави крај на децениската војна.

Началникот на Генералштабот на американската армија, генерал Марк Мајли на почетокот на неделава соопшти дека ќе се состане со талибанските лидери во Доха за да разговара за воените аспекти на договорот меѓу САД и талибанците, постигнат во февруари минатата година

Би можело да ве интересира

Се огласија сирените за воздушен напад во Израел

Горан Наумовски

Авганистан: Талибанците со закон им забранија на жените да зборуваат јавно

Авганистанска брачна двојка си ја уби 15 годишната ќерка во Германија: Брутално претепана и удавена

Во и поплавите во Авганистан загинаа најмалку 50 лица

Тројца шпански туристи загинаа во Авганистан

Горан Наумовски

Девет деца загинаа откако експлодираше нагазна мина во Авганистан