Ракета „Тридент“ била погрешно испукана и паднала во океанот во близина на брегот на Флорида

Од:

Британска ракета „Тридент“ била погрешно испукана и паднала во океанот во близина на брегот на Флорида за време на пробно лансирање од нуклеарна подморница.

Министерството за одбрана на Обединетото Кралство во вторникот го потврди инцидентот, кој се случи на крајот на јануари, велејќи дека имало грешка во врска со подморницата Vanguard, но тие рекоа дека не се споделени дополнителни детали од безбедносни причини.

Сепак, претставниците на министерството нагласија дека овие ракети сè уште се основата на британската одбрана и дека тие сè уште се „безбедни и ефективни“, пренесува Sky News.

Изворот на таа британска ТВ мрежа нагласи дека грешката е поврзана со тоа што се работи за пробно лансирање и дека би било успешно доколку се изведе со нуклеарна боева глава.

Ова е второ неуспешно лансирање на „Тридент“ по ред за британската кралска морнарица, по проблемите со пробното пукање во 2016 година.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Северна Кореја објави снимка од тестирањето на хиперсонична ракета

Северна Кореја успешно лансираше нова хиперсонична ракета

Северна Кореја лансираше балистичка ракета за време на посетата на Блинкен на Јужна Кореја

Хиперсонична ракета падна врз центарот на Лавов, има загинати

Кинеска ракета се распадна во вселената, во опасност се повеќе од 1.000 сателити

Горан Наумовски

За пет дена ќе биде лансирана нова ракета на Blue Origin