Ракета истрелана кон Тел Авив, но веднаш е пресретната

Од:

Израелските телевизиски станици јавија денеска дека попладнево една ракета од Појасот Газа била истрелана кон Тел Авив, но потоа е пресретната.

Во градот, кој се наоѓа околу 70 километри северно од Појасот Газа активирани се сирени. Израелската војска не ги потврди веднаш овие извештаи, но веднаш по објавувањето на оваа информација во градот се слушна експлозија, јави Танјуг.

Медиумите прецизираа дека ракетата била пресретната од противракетниот систем „Железна купола“.

Овој ракетен напад е најдлабок удар на палестинските екстремисти, откако рано изутрината Израел покрена офанзива во Појасот Газа. Претставник на израелските сили за безбедност изјави претходно дека нема сомнение дека Хамас ќе се обиде да истрела ракети кон Тел Авив, па дури и понатаму.

Градските власти во Тел Авив во меѓувреме врз основа на инструкциите на цивилната одбрана почнаа да ги отвараат скривалиштата за бомбашки напади, поради можните ракетни напади од Појасот Газа.

Би можело да ве интересира

Хутите соборија уште еден американски дрон MQ-9 Reaper, десетти од почетокот на војната во Газа

Најмалку 26 Палестинци загинаа во Газа, меѓу кои и пет вработени во УНРВА

САД бараат истрага по убиството на Американка на Западниот Брег

Најмалку 17 Палестинци загинаа во појасот Газа

Продажбата на српско оружје на Израел забележа огромен пораст, вредност од 7,3 милиони евра само во јули

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Хаос на теренот во Израел: Арапските навивачи не ја почитуваа химната, домашните ги претепаа

Предраг Петровиќ