Ракчиња и зелка на менито на Ким и Трамп

Од:

Ракчиња, маринирано месо и зеленчук, но и чоколадна торта и овошен пунч вечераа претседателите на САД и Северна Кореја Доналд Трамп и Ким Џонг-ун денеска во Ханој.

Гласот на Америка, повикувајќи се на Белата куќа, го објави менито, а според него Трамп и Ким почнале со мешавина од ракчиња, азиска зелка, авокадо, свеж лимон и билки. За главно јадење уживале во лесно печено месо во сос и кимичи – традиционално корејско национално јадење, подготвено од ферментиран сезонски зеленчук и други состојки во крушка. За десерт им била послужена чоколадна лава торта со зрнесто овошје и сладолен од ванила.

За време на вечерата, која траела еден час и 42 минути, двајцата претседатели пиеле пунч со сушена јапонска јаболка и мед.

Би можело да ве интересира

Рјабков: Русија ќе го натера Вашингтон да стресе и да замолчи

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Чувар на американската амбасада во Осло уапсен под обвинение за шпионажа

Горан Наумовски