Раката на Кремљ во германските внатрешнополитички расправии

Од:

Независимаја газета – Москва

И покрај тврдењето на германската државна агенција Ен-Ти-Ви дека вицеканцеларот и министер за надворешни работи Зигмар Габриел ја предупредил Русија да не се меша во предизборната кампања во Германија, претседателот Путин има намера да го стори тоа во најскоро време. Тоа следува од фактот што ги поканил во Москва и канцеларот Ангела Меркел, и федералниот претседател Франк-Валтер Штајнмаер.

Меркел, последен пат беше во Москва во мај 2015 година, а претходниот претседател на Германија, Јоаким Гаук, кој беше член на источногерманското движење за заштита на правата, не најде време да ја посети руската престолнина. Можеби затоа што според него Русија доволно не се покајала заради „злосторствата на советскиот режим“. Покрај тоа, татко му настрадал од советските власти. А новиот претседател, уште како министер за надворешни работи на Германија, спроведуваше поинакви односи со Кремљ, не еднаш го гледавме во Москва, а дојде и во други градови кај нас.

Какви се всушност шансите на тој чекор на Путин кој изненади мнозина експерти – толку ненадеен што водечките германски медиуми решија едноставно да ја одминат – во денешната доста студена атмосфера на руско-германските односи? Испраќајки ги поканите, рускиот претседател истакна дека „заедничка задача на Русија и на Германија е целосно да ги нормализираат односите“.

Треба да се одбележи дека поканата за Меркел беше испратена токму пред нејзината закажана средба со претседателот на САД, Доналд Трамп. Се знае дека Трамп би сакал да добие од Меркел меѓу другото и оценка за претседателот Путин. Затоа што таа комуницира со рускиот лидер веќе 11 години. Природно и за Путин би било интересно да добие информации од прва рака за Трамп пред евентуалната лична средба со него. А и мислењето на западните лидери по повод перспективите за решавање на конфликтот во Источна Укарина е меѓу приритетините интереси на Кремљ. Токму таа тема ќе ја разговара Трамп со Меркел.

Јас лично се сомневаме дека односите со Германија може да се нормализираат во толку краток рок. Краток со оглед на септемвриските избори за Бундестагот, кои ништо чудно да го сменат политичкиот пејсаж во Германија. Пречка е и тврдата позиицја на сегашниот германски канцелар за продолжување на санкциите за Русија.

На прв поглед, нема зошто да се брза во вакви услови. Па нели рускиот претседател може бездруго да разговара со Меркел, а најверојатно и со Трамп во јули во Хамбург, каде ќе се соберат лидерите на големата дваесетка (Г-20), сега под претседателство на Германија.

Нештата всушност допираат до предизборната борба во Германија која се разгорува, во која социјалдемократите благодарение на својот нов лидер Мартин Шулц, во анкетите успеаја не само максимално да се доближат до досега недофатливиот лидер, блокот ЦДУ/ЦСУ, туку и одвреме-навреме да го надминат со симпатиите од избирачите. Затоа прашањето кој ќе седне на канцеларскиот трон по изборите во септември се уште останува отворено.

Самиот Шулц не ја крие намерата да стане канцелар и да формира целосно нова владина коалиција, без учество на демохристијаните. Кандидатот на социјалдемократите за канцеларската позиција всушност засега се фокусира на внатрешнополитичките проблеми во Германија и се позиционира како „заштитник на обичните луѓе“. А тоа е во противречност со економскиот курс на Меркел.

Од првостепен интерес за Русија е надворешнополитичката концепција на идната германска влада. Но Шулц избегнува да зборува за тоа прашање. Поранешниот претседател на Европарламентот е уште повеќе познат како политичар кој е потврдокорен од Меркел по повод односите со Русија. Тоа најмногу ја засега Москва и тоа е крајно важниот проблем за енергетската соработка.

Неговата сегашна позиција во врска со решавањето на една внатрешноекономска тема е разбирлива затоа што составот на евентуалната владина коалиција по изборите во септември се уште е целосно отворен. Планот на Шулц за сојузништво со Зелените и Левите – за тнр. црвено-црвено-зелена коалиција по примерот на сегашната провинцијална влада во Берлин, се градат главно на нивните блиски чекори токму во решавањето на внатрешноекономските проблеми. Но иднината зависи од тоа колку избирачи че добијат потенцијалните партнери.

Во моментов, Зелените брзо го губат рејтингот, па затоа ја објавија предизборната програма први, пред сите други партии. Но според експертите, таа програма вклучува цела серија социјалдемократски потези за решавање на проблемите во економијата. Сепак, сеуште не се знае дали тоа ќе им помогне. Тоа го остава отворено прашањето за создавање на коалиција – каква и да било. Затоа не треба да ја исклучиме варијантата Меркел да стане германски канцелар по четврти пат, можеби повторно во рамките на „голема коалиција“ ЦДУ/ЦСУ-ГСДП.

Во сета ова целосна нејаснотија на внатрешнополитички пасијанс во една така важна за Русија земја како Германија, позицијата на рускиот претседател се диктира од потребата постојано да држи рака на внатрешнополитичкиот пулс на тој сеуште главен европски партнер на Русија. И по можност да влијае врз позициите на главните политички сили во Германија, со оглед ослабат позициите на Москва по главните меѓународни прашања.

Токму затоа и канцеларот христијан демократ Меркел, и претседателот социјалдемократ Штајнмаер во моментов се најдобрите канали за да протнеме руската позиција дури до раководните средини во двете главни политички партии во Германија. Целта е да ги насочиме кон изработување на попрагматичен, понекомформистички чекор во решавањето на европските и светските проблеми.

Би можело да ве интересира

Седумгодишно дете доби понуда за работа од руска ИТ компанија

А1он

Почина познат руски балетан, падна од балкон на петтиот кат од неговата зграда

А1он

Северна Кореја би можела да испрати до 100.000 војници за да и помогне на Русија

ФТ: Северна Кореја испорача на Русија ракетни и артилериски системи со долг дострел

Песков: Постојано го повикуваме Киев да престане да убива Руси

Горан Наумовски

Бжанија: Останувам на функцијата избран претседател на Абхазија