Рахој: Знам дека згрешив, но нема да поднесам оставка

Од:

Шпанскиот премиер, Маријано Рахој призна дека згрешил што им верувал на високите лица во својата партија, која што се наоѓа во центарот на корупцискиот скандал, но нема намера да поднесе оставка. Опозицијата пак настојува дека тој треба да си замине од власта.

-Згрешив затоа што цело време им верував, сега тоа го знам-изјави тој во врска со скандалот за нелегална исплата од тајниот фонд на благајникот, Луис Барсенас.

Тој додаде дека се појавил во парламентот за да пред пратениците ја отфрли манипулација, која што ја покренале одредени политичари, дека и тој примал нелегални пари.

Од друга страна благајникот Барсенас тврди дека и премиерот на Шпанија бил вмешан во случајот.

Како што пренесе „Франс прес“ Рахој нагласил дека корупциските скандали нема да го спречат да остане на власта.

-Овој случај нема да ме спречи да управувам-изјави тој и додаде дека навистина лидерите во неговата партија земале повеќе пари од останатите, но го отфрли обвинението дека и тој лично добивал илегални средства од својата партија.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата