Рахој го одби мандатот за формирање нова влада на Шпанија

Од:

Актуелниот шпански премиер и лидер на конзервативната Народна партија (ПП), Маријано Рахој синоќа го одби мандатот за формирање нова влада на Шпанија, што му го понуди кралот Фелипе.

На изборите на 20 декември ПП освои најмногу гласови, но го загуби мнозинството во Парламентот. По изборите Рахој во повеќе наврати предлагаше формирање „голема коалиција на десниот и левиот центар“, но не доби поддршка од останатите партии за таквата идеја.

Во соопштението на шпанската Кралска палата се наведува дека по одбивањето на мандатот од страна на Рахој, кралот Фелипе в среда ќе одржи нова рунда консултации со парламентараните партии со цел да се одреди друг кандидат за мандатар и да се најде излез од ќорсокакот во кој западна Шпанија по изборите.  

Според шпанските медиуми, кралот Фелипе најверојатно сега мандатот ќе му го довери на лидерот на втората по големина политичка сила во Парламентот, Социјалистичката работничка партија на Шпанија (ПСОЕ), Педро Санчес.

Санчес денеска изјави дека ќе направи се што е во негова моќ да формира „влада на промени на прогресивните сили“, доколку Рахој не успеа да обезбеди мнозинство за составување владин кабинет. 

Претходно денеска, лидерот на левичарската партија Подемос, Пабло Иглесиас изјави дека е подготвен да учествува во влада со социјалистите и другите левичарски партии. – Подготвени сме да формираме влада на промена со социјалистите и со Обединетата левица, посочи Инглесиас.

Сепак, за мнозинство во Парламентот на евентуалната коалиција на ПСОЕ, Подемос и комунистичката Обединета левица, ќе им биде потребна поддршка и од некои од помалите регионални партии.

Доколку во рок од два месеци по изборите не биде формирана нова влада, ќе следи распуштање на Парламентот и одржување на предвремени избори.

Би можело да ве интересира

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

Уапсен полицаец, во ѕидовите од неговата куќа биле пронајдени 20 милиони евра

ВИДЕО: Во Шпанија ноќеска повторно се спасуваа луѓе, по улиците се излеваа реки вода

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата