Меѓународната организација, која го контролира почитувањето на договорот за сеопфатна забрана на нуклеарните проби, соопшти дека радиоактивност, поврзана со неодамнешната ракетна проба на Северна Кореја, е регистрирана во Јапонија и во Русија.
Утврдените траги на радиоактивност укажуваат на фактот дека Пјонгјанг го извршил третиот нуклеарен обид на 12 февруари.
Според организацијата, соодносот на регистрираните изотопи на ксенон соодвевствуваат на нуклеарно распаѓање што се случило повеќе од 50 дена пред нивното регистрирање.