Рација во калцелариите на X во Париз, Илон Макс повикан на сослушување

Од:

Француската полиција специјализирана за борба против сајбер-криминал, со поддршка на Европол, изврши претрес во канцелариите поврзани со социјалната мрежа X, во сопственост на милијардерот Илон Маск, соопшти париското обвинителство.

Според обвинителството, истрагата првично била насочена кон алгоритмите за препорачување содржини на платформата, но подоцна е проширена и на контроверзниот AI-чатбот Grok. Во рамки на постапката, Илон Маск и поранешната извршна директорка на X, Линда Јакарино, се повикани да се појават на сослушување во април.

Од X засега нема официјален коментар. Компанијата претходно ја опиша истрагата како напад врз слободата на говорот и ги негираше обвинувањата дека манипулирала со алгоритмите.

Истрагата беше отворена во јануари 2025 година, а во јули беше проширена по извештаи за ширење сексуално експлицитни дипфејк-содржини и материјали со негирање на Холокаустот на платформата. Во тоа време, X тврдеше дека станува збор за политички мотивиран процес.

Француските обвинители сега испитуваат дали платформата го прекршила законот во повеќе области, вклучително и можно соучесништво во поседување или организирана дистрибуција на порнографски материјали со деца, повреда на правото на личен лик преку сексуални дипфејкови, како и нелегално извлекување податоци од страна на организирани групи.

Обвинителството соопшти и дека повеќе нема да комуницира преку X, туку своите соопштенија ќе ги објавува на LinkedIn и Instagram.

Во последните месеци, X е под зголемен надзор поради сексуализирани слики генерирани или изменети со помош на алатката Grok. Дел од тие содржини биле креирани со користење фотографии од вистински жени без нивна согласност, што предизвика остри реакции од жртвите, активисти за онлајн-безбедност и политичари. Компанијата подоцна воведе мерки за спречување на ваквата пракса.

Кон крајот на јануари, Европската комисија отвори посебна истрага против матичната компанија на X, xAI, поради загриженост околу AI-генерирани слики. Слична постапка претходно започна и британскиот регулатор Офком.

Би можело да ве интересира

Маск бара 134 милијарди долари од OpenAI и Microsoft поради „нелегална добивка“

А1он

Маск: Летови до Марс веќе во 2026 година

SpaceX на Маск е на пат да го престигне OpenAI и да стане највредната приватна компанија во светот

Маск: Укинете ја Европската Унија!

А1он

Трамп: Сè уште многу го сакам Илон Маск

Горан Наумовски

Илон Маск ја лансираше Grokipedia – енциклопедија базирана на вештачка интелигенција

А1он