Работниците кои работат на отстранување на контаминираниот отпад и ја чуваат хаварисаната јапонска нуклеарна електрана Фукушима ја тужат компанијата Тепко бидејќи оценуваат оти не се доволно платени и не се задоволни од условите за работа.
Тие бараат да им бидат платени уште 65 милиони јени (620.000 долари).
Тоа е прва тужба на работниците од Фукушима против Тепко поради пари и условита за работа.
Досега тужби поднесоа двајца сегашни и двајца поранешни работници на Фукушима на возраст од 30 до 60 години.
Реакторите во Фукушима се истопија по разорниот земјотрес и цунамито поради кои во март 2011 година престана да работи работниот систем за ладење на реакторите.