Раб: Лондон нема да прифати два различни царински режими

Од:

Британскиот министер за Брегзит Доминик Раб изјави денеска дека Владата на премиерката Тереза ​​Меј нема да прифати два различни царински режима во Обединетото Кралство по Брегзит и затоа ЕУ треба да биде помалку крута во почитувњето на законските прописи во преговорите за Северна Ирска.

Раб изрази уверување дека е време за Велика Британија да постигне добра спогодба во преговорите за напуштање на ЕУ.

– Убеден сум дека се уште имаме доволно време да постигнеме добар договор, изјави Раб на годишната конференција на владејачката Конзервативна партија.

Тој нагласи дека валдата во Лондон нема да се согласи да постојат два различни царински режима во Велика Британија. – Тоа едноставно не е на маса. Мислам дека е скандалозно дури да се размислува за тоа, истакна Раб.

– Треба да видиме помалку круто почитување на законите и крут догматизам, а малку повеќе флексибилност (од ЕУ), каква што ние покажавме во нашата Бела книга, додаде Раб.

Би можело да ве интересира

Лондон: Полицијата го истражува случајот на ставање на дрога во пијалаци во зградата на парламентот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Сомнителен автомобил паркиран во трговска област во Лондон – наредена е итна евакуација

А1он

Спречен шверц на пиротехнички материјали, лекови, парфеми и облека

А1он

(ВИДЕО) Убиство во Лондон: Со нож е избодено 14-годишно дете, полицијата трага по напаѓачот

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Крвав Божиќ во Лондон, полицијата вели не е тероризам

Пукање во Лондон, загина жена, двајца мажи се ранети