Путин задоволен од резултатите постигнати во првата година од неговиот избор за претседател

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин во телевизиската емисија „Директна линија“ изјави дека е задоволен од постигнатите резултати во првата година од неговиот нов мандат како шеф на државата.

На прво место како успех Путин го истакна „зголемувањето на животниот стандард на граѓаните“.

– Платите се зголемуваат побрзо од нивото на продуктивноста на трудот, истакна Путин.

Тој го поздрави и подобрувањето на демографската состојба и на наталитетот, а меѓу главните постигнувања во изминатата година, го потенцира и подобрувањето на условите за бизнис во земјата.

Путин застана во одбрана на строгата монетарно-кредитна политика на Централната банка, додавајќи дека фундаменталните основи на економската политика на Москва ќе останат непроменети.

Би можело да ве интересира

Русија: ЕУ свесно прави економски криминал на глобално ниво

(ВИДЕО) САД потврди: Севернокорејските војници се во Русија

Си Џинпинг: Кина и Русија се чувари на глобалната стратешка стабилност

Загина пилот на руски бомбардер, Украинците велат „Ги убиваше нашите деца“

А1он

Јулија Навална ќе се кандидира за претседател на Русија

А1он

Нападнат е Киев: Кличко итно се огласи