Путин: Украинската контраофанзива пропадна

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека контраофанзивата на Украина „пропаднала“. Ова го изјави денеска во Санкт Петербург, каде што беше домаќин на белорускиот претседател Александар Лукашенко, неговиот близок сојузник.

„Нема контраофанзива“, рече Лукашенко. Путин одговори: „Постои, но не успеа“.

Украина ја започна долгоочекуваната контраофанзива минатиот месец, но досега постигна мали придобивки против вкопаните руски сили кои контролираат повеќе од една шестина од нејзината територија по речиси 17 месеци војна.

Американскиот генерал Марк Мили, врховен командант на вооружените сили на САД, неодамна изјави дека украинската контраофанзива е „далеку од пропадната“, но ќе биде „долга, тешка и крвава“.

Лукашенко наводно на шега рекол дека платеници од Вагнер, кои ја обучуваат белоруската армија, сакаат да ја преминат границата на Полска, членка на НАТО.

„Тимот од Вагнер почнува да не стресува, сака да оди на запад. Да ги посетиме Варшава и Жешов“, рече Лукашенко.

Сепак, нема индикации дека Лукашенко бил сериозен во врска со тоа. По пристигнувањето на борците Вагнер, Полска распореди дополнителни сили на границата со Белорусија.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Русите го изведоа досега најголемиот напад со дронови на Украина, погодија критични цели

ВИДЕО: Жесток руски напад на Киев со дронови

Катерина Ѓуровски

Третата светска војна е почната алармира поранешниот украински претседател Порошенко

Русија напредува во Украина со најбрзо темпо од почетокот на војната тврдат аналитичари

Катерина Ѓуровски

Украинците објавија фотографии од Орешник, новата ракета на Путин

Катерина Ѓуровски

Руските сите ноќеска 200 пати ја гаѓале областа Запорожје

Катерина Ѓуровски