Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува денеска на регионалниот Акционен форум на рускиот Народен фронт (ОНФ) во градот Јалта на Крим.
Шефот на руската држава ќе одржи говор на пленарната седница и ќе одговара на прашања на делегатите на форумот, соопшти прес-службата на Кремљ.
Путин претходно го посети Крим кон средината на септември, кога присуствуваше на состанокот на Президиумот на државниот совет, на кој се разговараше за развојот на транспортниот ситем на јужна Русија, додека во август престојуваше во Крим во рамки на форумот Таврида.
Дводневниот форум ќе има неколку теми на дневен ред, меѓу кои испораката на гас и енергија, развојот на земјоделско индустриски комплекси и други сектори на економијата, како и туристичкиот потенцијал на Крим, заштитата на животната средина, заштитата на културното наследство.