Путин тврди дека САД ги помагале Чеченците во втората војна во Чеченија

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека американски разузнавачи директно контактирале со чеченските милитанти на територијата на Азербејџан.

Путин го обвини Западот дека се обидувал да ја расцепи Русија, давајќи им подршка на терористичките групи и на исламистичките бунтовници во Чеченија, откривајќи дека руските безбедносни служби имаат докази.

– Нашите разузнавачки агенции ги имаат снимено директните контакти меѓу севернокавказките бунтовници и американските разузнавачи во Азербејџан, рече претседателот Путин.

Ваквите обвинувања на рускиот претседател кон САД, беа изнесени во специјално направениот документарен филм за Владимир Путин, по повод неговите 15 години на врвот од Руската федерација како премиер и претседател, што беше прикажан на руската телевизија.

Путин прво, кусо време беше поставен за премиер на Русија во времето додека претседател беше Борис Елцин, а во 2000 година првпат беше избран за руски претседател. По двата претседателски мандати, во 2008 година тој одново ја презеде премиерската функција, додека претседател беше Дмитриj Медведев, а од 2012 година се врати во Кремљ, како шеф на државата.

Во филмот, кој практично е едно големо интервју со претседателот, Путин вели дека му се јавил на поранешниот американски претседател Џорџ Буш околу разузнавачката помош што Американците им ја давале на Чеченците, од кого добил ветување дека се прекина таа врска, но американските разузнавачи подоцна им порачале на руските дека тие имаат право да ги подdржуваат опозициските сили во земјата.

Русија ја започна втората војна во Чеченија со тамошните сепаратисти и исламисти во 1999 година, само три години по завршувањето на првата војна, која се оконча со повлекувањето на руската војска во 1996 година. Три години подоцна, Путин ги обнови вoените операции, најавувајќи дека ќе ги „збрише терористите“.

Во филмот, рускиот претседател вели дека за него, најголемиот успех досега, е зачувувањето на целовитоста на Русија и дека тоа е она што го прави среќен.

Западни набљудувачи во Москва гледаат на овој документарен филм како на уште еден обид да се оправда и објасни анексијата на Крим од март минатата година, а откривањето детали за втората војна во Чеченија дури сега се смета за руско толкување за однесувањето и постапките на Западот кон Русија, кое не се менува, ни порано,а ни сега по избувнувањето на украинска криза.

– Мислев дека со раскинувањето на идеолошките бариери (со Западот) по падот на комунизмот, работите во односите ќе се изменат, но не излезе така. Геополитичките интереси, очигледно, не се врзани за никаква идеологија, објаснува во филмот Владимир Путин.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Медведев за лансирањето на „Орешник“ во Украина: Добивте тоа што побаравте