Путин: Турција направи голема грешка со соборувањето на рускиот воен авион

Од:

Претседателот на Русија Владимир Путин денеска изјави дека Турција направила огромна грешка со соборувањето на рускиот авион Су-24

Тој додаде дека реакцијата на Русија на тој инцидент била повеќе од резервирана.

– Веруваме дека турската власт направи голема грешка. Нашата реакција на ова злосторство беше повеќе од воздржана, наведе Путин.

Турција го собори рускиот воен авион на 24 ноември поради нарушување на воздушниот простор на Турција. Русија демантира дека авионот влегол во турски воздушен простор. Путин тогаш инцидентот го оцени како „забодување на нож во грб од страна на тие кои поддржуваат терористи“.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ердоган не може да биде посредник во разговорите меѓу Русија и Украина

Русија и Украина разменија 53 заробеници, меѓу нив и активистот и новинар Нариман Џелал

(ВИДЕО) Пожар во студентски дом во Русија, најмалку петмина загинати

Кремљ: ЕУ ќе ја предводат две жени кои не сакаат нормализација на односите со Русија

Четири лица, меѓу кои и деца загинаа во пожар во Русија

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени