(ВИДЕО) Путин: Турција е соучесник на терористите, ќе следува одговор од Русија

Од:

Нападот врз рускиот авион Су-24 е нож во грбот на Русија, забиен од страна на соучесниците на терористите, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин.

Тој предупреди и дека соборувањето на рускиот авион ќе има сериозни последици по руско-турските односи.

– Не можам на поинаков начин да го оквалификувам тоа што се случи, изјави Путин на заедничката прес-конференција со кралот Абдулах Втори во Аман.

-Не само што имаат приходи од шверцот со нафта, туку терористите имаат заштита и од војската. Ова го објаснува фактот зошто една терористичка група во своите акции ширум светот. Се чини дека Турција сака НАТО да служи на интересите на Исламска држава, рече Путин.

Путин истакна дека рускиот Су-24 на ниту еден начин не ја загрозувал Турција. Авионот бил во операција против Исламска држава (ИД) и се наоѓал на оддалеченост од четири километри од турската граница, на територијата на Сирија. 

Турција ги извести САД дека соборила турски воен авион откако бил нарушен нејзиниот воздушен простор. Првпат една земја-членка на НАТО од 50-тите години на минатиот век соборува руски или советски авион.

Би можело да ве интересира

Иран и Русија потпишаа договор за „сеопфатно стратешко партнерство“

А1он

Песков: Русија не испратила покани до никого во САД за Денот на победата

Небензија: Киев го нападна Турски тек

Руските сили елиминираа странски платеници: Меѓу жртвите и романски државјани

Русија: Тројца адвокати на Навални осудени на затворски казни

Горан Наумовски

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија